Иван Јуриќ го пречека натпреварот со Марсеј во Лигата на шампиони во атмосфера која воопшто не беше поволна за него, бидејќи италијанските медиуми почнаа да пишуваат за поставени ултиматуми од раководството во обид да си ја спаси работата.
Хрватскиот стручњак се навикна на реми исходи како тренер на Аталанта, но по претрпениот пораз од Удинезе, тимот од Бергамо конечно победи, и тоа на натпревар во Европа.
Аталанта на крајот славеше со мајсторскиот гол на Самарџиќ во 90-та минута, но пред да дојде до решавачкиот момент, фановите можеа да забележат и еден нескојдненвен инцидент.
Адомола Лукман не беше задоволен од тоа што е повлечен од игра во 75-та минута, а таквата негова реакција уште помалку му се допадна на Јуриќ кој не му остана должен.
На крајот, двајцата мораше да бидат раздвојувани за да не дојде до физички контакт, па сосема очекувано, Јуриќ мораше да ја објаснува и оваа сцена по победата од 0:1.
– Ситуацијата со Лукман е нешто што навикнавме да го гледаме речиси секој викенд. Се случи и со Де Брујне во Наполи. Одредени играчи не се среќни кога ја напуштаат играта, едноставно не реагираат добро. Ќе ги решиме овие работи во соблекувалната, – изјави Јуриќ.
Clima sereno na Atalanta: Juric, conhecido por ser um brigão, discutiu forte com Lookman à beira do gramado. pic.twitter.com/w46tgDucYt
— Calciopédia (@calciopedia) November 5, 2025







