Венгер ги посочи двете најголеми закани за англиските екипи во ЛШ

Дерби

05/11/2025

14:25

333

Големина на фонт

а а а

Арсенал со ново сигурно издание во Европа стигна до „четири од четири“ во Лигата на шампиони, а бидејќи полека се стигна на средина од воведната фаза во најелитното натпреварување, легендарни имиња почнаа да извлекуваат заклучоци за досега прикажаното од најдобрите екипи.

Арсен Венгер како легенда на Арсенал смета дека тимот на Микел Артета може да се бори за титулите во Премиер лигата и Лигата на шампиони, но исто така, смета дека премиерлигашките како најголеми фаворити во најелитното натпреварување имаат две големи закани во страшни и разиграни екипи како оние на ПСЖ и Баерн.

Францускиот и германскиот шампион се соочија вчеравечер на „Паркот на принцовите“ и баварците победија со 1:2, а според Венгер, овие два тима се најсериозни конкуренти за премиерлигашите кои за него важат за најголеми фаворити со оглед на вложеното во летниот преоден рок.

– Би рекол дека ПСЖ и Баерн се двата тима кои можат да ја освојат Лигата на шампиони. Ако ги тргнеме настрана екипите од Англија, ПСЖ и Баерн се најголема закана во Лигата на шампиони.

– Не треба да се заборави и Реал Мадрид, но ПСЖ и Баерн ќе имаат лесни задачи во домашните првенства и целиот свој фокус можат да го насочат кон ЛШ. ПСЖ повторно ќе биде шампион на Франција, а Баерн уште сега може да се каже дека е нов шампион на Германија. Овие два тима ги гледам како главни ривали за најсилните екипи од Премиер лигата, – посочи Венгер.