Натпреварот меѓу Сандерленд и Евертон беше посебно емотивен за голманот на противничкиот тим, од едноставна причина што Џордан Пикфорд е фудбалски производ на фудаблската школа на „црните мачки“.
Англискиот репрезентативен голман првпат се врати на „Стадионот на светлината“ како член на Евертон и реши тоа да го направи на посебно емотивен начин, бидејќи друштво на теренот му правеше неговиот син.
Наследникот на Џордан имаше улога на детенце маскота и излезе заедно со својот татко на теренот, но посебно привлече внимание поради дресот кој го носеше.
Малиот Арло излезе на теренот со дрес кој беше поделен на два дела, односно со боите на Сандерленд и Евертон како клубови кои ја одбележаа кариерата на неговиот татко.
Исто така, малиот Арло стана симпатичен и поради својата фризура, која е идентична како онаа препознатливата на неговиот татко.
Видеото погледнете го ТУКА.






