Трент ја предводеше експедицијата на Реал која положи цвеќе на „Енфилд“, Ливерпул ја откри емотивната порака

Дерби

04/11/2025

11:27

184

Големина на фонт

а а а

Реал Мадрид вечерва ќе гостува на „Енфилд Роуд“ во една од дерби пресметките на вечерта во Лигата на шампиони, но во самата увертира на натпреварот, беше режиран и еден емотивен момент од гостинската експедиција.

Претставниците на Реал Мадрид положија цвеќе и се помолија во чест на Диого Жота и неговиот брат Андре Силва, а покрај Трент Александер Арнолд како повратник во друг дрес, друштво му правеа и Чаби Алонсо, Дин Хаусен и Емилијо Бутрагењо.

Смртта на двајцата млади Португалци ја обви во црно цела спортска јавноста на почетокот на летото, а четири месеци подоцна, Арнолд се обрати и преку писмо кое своерачно го напишал и кое го положи заедно со цвеќето.

– Пријател Диого. Ни недоастауваш секој ден, но продолжуваме да те сакаме многу. Твојот спомен и споменот на Андре секогаш ќе бидат живи меѓу нас.

– Се смеам секојпат кога ќе помислам на тебе и секогаш ќе ги паметам добрите моменти кои ги минавме заедно. Ми недостасуваш секој ден пријателе……, – гласи писмото на Трент.