Луда ситуација во Шпанија: Изнуди црвен картон за противникот со бакнеж

Дерби

04/11/2025

11:22

152

Големина на фонт

а а а

Шпанската Сегунда беше заокружена со натпревар меѓу поранешните прволигаши Валјадолид и Гранада, а финишот на 12-та рунда донесе и една неверојатна ситуација која ретко се гледа на терените.

Валјадолид го одбрани домашниот терен и славеше во 2:1, но пред последниот судиски свиреж, видено е и исклучување за кое доста се зборува во Шпанија.

Иван Алехо од редовите на домашниот тим смислил уникатен начин да го испровоцира противничкиот фудбалер, односно да изнуди црвен картон за Ормиго во 97-та минута.

Алехо е познат како голем провокатор од времето кога играше во најсилната Ла Лига, а сега отиде чекор подалеку и успеа да го испровоцира противникот со бакнеж.

Десниот бек го бакна Ормиго во глава и овој му возврати со удар во пределот на главата, па судијата немаше друга опција, освен да му покаже црвен картон.

– Имавме конфликт од една претходна ситуација и знаев дека е на граница да избувне. Ми дојде да го бакнам и тој ме удри со рака. Фудбалот е за паметни и подготвени момци, а не за глупави, – изјавил Алехо по натпреварот.

Видеото погледнете го ТУКА.