Спалети спореди еден играч на Јувентус со Кварацхелија и Ди Натале: Среќен сум што се враќа во тимто

Дерби

04/11/2025

11:19

138

Големина на фонт

а а а

Јувентус ја освои Кремона на дебито на Лучијано Спалети како тренер на Јувентус, но искусниот стручњак нема премногу време за анализа на иницијалните впечатоци, бидејќи веќе денес го чека предизвик во Лигата на шампиони.

Јуве ќе го пречека Спортинг Лисабон во Торино и ќе брка прва победа во четвртото коло во најелитното натпреварување, а добра вест за Спалети е тоа што на располагање ќе го има фудбалерот кој беше повреден против Кремонезе.

Кенан Јилдиз се става на располагање откако ја санирал повредата на коленото, па тоа посебно го израдува Спалети кој смета дека Турчинот има карактеристики слични на Квича Кварацхелија, но и Антонио Ди Натале.

– Кенан е достапен за натпревраот со Спортинг и многу сум среќен што се враќа. Имаме среќа што имаме таков играч во тимот. Станува збор за тип на играч со слични карактеристики како Кварацхелија.

– Има уште еден кој беше помалку во центарот на вниманието, но кој имаше исто така неверојатен талент. Тоа е Тото Ди Натале, Кенан ме потсетува на него. Сигурен сум дека Јилдиз ќе се најде на насловните профили на голем број навивачи на Јувентус на крајот на сезоната, – изјави Спалети.