Дванаесеттата рунда во Првата фудбалска лига во Хрватска беше затворена со понеделнички натпревар, дуел во кој Горица успеа да го одбрани домашниот терен и да слави со убедливи 4:1.
Горица славеше над Локомотива и ја прекина црната серија од четири порази во низа, но оваа средба ќе се памети по два автогола, од кои еден беше навистина неверојатен.
Домашниот тим дојде до предност од 2:0 во раната фаза на мечот, а автоголот на Стојаковиќ е нешто што ретко се гледа на фудбалските терени.
Фудбалерот на Локомотива додаде на прва во обид да ја врати топката до својот голман, но неговиот пас беше до толку силен, што на крајот заврши во мрежата на неговиот тим.
Горица со овој автогол во 6-та минута поведе со 2:0, па ова беше повеќе од добра увертира за добар меч и победа после пет натпревари.
                                






