Гвардиола за неверојатните бројки на Халанд: Ова е нивото на Меси и Роналдо!

Дерби

03/11/2025

10:59

188

Големина на фонт

а а а

Ерлинг Халанд не престанува да постигнува голови и тоа продолжува да го прави од натпревар во натпревар, па вчера стигна до својот 13-ти погодок на десеттиот меч во Премиер лигата.

Норвешката гол машина има вкупно 17 погодоци на 13 одиграни натпревари за Сити во сите натпреварувања, а ако се придодат и оние девет погодоци на три натпревари за Норвешка, Халанд е во серија од 26 постигнати погодоци на вкупно 16 средби.

Овие бројки изгледаа навистина неверојатно и фасцинантно, па истите го натераа Пеп Гвардиола да го спореди својот голгетер со најдобрите двајца играчи во својата ера.

– Кога имате играч кој игра на ова ниво, тоа е исто како да ги имате Меси или Роналдо во тимот. Неговото влијание е навистина толку големо. Ги гледате ли бројките на Халанд? Дефинитивно игра на ниво на Меси и Роналдо.

– Тие двајца го правеа тоа 15 години, но дефинитивно нивото кое Халанд сега го покажува е еквивалент на тоа. Почестени сме и среќни што го имаме во нашиот тим. Прво и основно, поради тоа што е неверојатна личност, а потоа поради квалитетот како фудбалер. Тој е многу пријатен и љубезен, а сигурен сум дека има уште простор за напредок, – изјави Гвардиола откако Ерлинг двапати стрелаше во победата од 3:1 над Борнмут.