[ВИДЕО] Орце Ѓорѓиевски со триумфален пречек во Скопје: Факели, овации и славје по победата

Точка

02/11/2025

21:43

1.213

Големина на фонт

а а а

Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, вечерва беше пречекан пред „Порта Македонија“ со факели, аплаузи и бурни овации од своите поддржувачи, кои го прославуваа неговиот изборен триумф.

По објавата на првичните резултати, кои покажаа дека Ѓорѓиевски остварил предност, симпатизерите се собраа во центарот на Скопје каде атмосферата беше исполнета со славенички крикови и македонски знамиња. Потоа колоната продолжи кон штабот на ВМРО-ДПМНЕ, каде победникот беше поздравен со громогласни аплаузи и скандирања.

Орце Ѓорѓиевски се заблагодари на граѓаните за довербата и истакна дека победата е резултат на желбата за промени и обнова на Скопје. Тој најави дека ќе ја оправда поддршката преку работа во интерес на сите скопјани, без разлика на нивната политичка припадност.

Вечерта заврши во славеничка атмосфера во штабот на ВМРО-ДПМНЕ, каде присутните ја одбележаа победата со музика, знамиња и пораката дека „Скопје избра промени“.