Андоновска: Изборите фер и демократски, граѓаните низ цела Македонија со голема излезност во вториот круг

Макфакс

02/11/2025

19:14

182

Големина на фонт

а а а

Граѓаните низ цела Македонија, во општините каде што има втор круг во голем број излегоа на гласање, истакна Викторија Андоновска од ВМРО-ДПМНЕ.

Според неа, текот на изборниот ден, во рамките на вториот круг од локалните избори за градоначалници во Македонија, минал во мирна, фер и демократска атмосфера на ниво на целата држава, во духот нa демократските вредности и принципи.

„ВМРО-ДПМНЕ, упатува благодарност до сите граѓани кои излегоа и го остварија своето уставно загарантирано право на глас во овој втор круг од градоначалничката трка за овие локални избори.

Со користење на правото на глас, граѓаните одлучуваат кому ќе му го доверат водењето на нивната општина, начинот на којшто ќе се управува истата и патот на нејзиниот развој во наредните 4 години.

Според информациите објавени од страна на ДИК, излезноста на вториот круг локални избори на ниво на цела Македонија до 13:00 часот е 18,05 %“, истакна таа.