[ВИДЕО] До 11 часот гласале 10,1 отсто од избирачите, најмногу во Пробиштип, најмалку во Сарај

Макфакс

02/11/2025

12:19

1.174

Големина на фонт

а а а

Одѕивот до 11 часот на вториот круг од локалните избори изнесува 10,1 проценти.

Според информациите на Државната изборна комисија, највисока е излезноста во Пробиштип каде гласале 22 проценти од избирачите, а висока излезност има и во Лозово и Крушево, 20 и 19 отсто. Најниска е излезноста во Сарај со 1,86 отсто и Чаир со околу 2 проценти.

Излезеноста на гласачите во Град Скопје до 11 часот изнесува 8,30 проценти.