5 намирници кои докторите ни во лудило не ги консумираат – ризикот од канцер на дебело црево со нив се зголемува

Точка

01/11/2025

13:24

1.008

Големина на фонт

а а а

Храната која ја бирате не влијае само на вашата енергија и телесна тежина туку може да го зголеми или намали ризикот од канцер на дебело црево.

Иако сѐ уште нема докази за одредени намирници кои директно предизвикуваат или спречуваат канцер, бројни истражувања укажуваат на врската меѓу храната и зачестеноста на оваа болест.

Експертите истакнуваат дека намирниците кои го поттикнуваат воспалението можат да активираат процеси кои придонесуваат во развој на тумори, додека пак исхраната која го поддржува здравјето на цревата може да има заштитен ефект, пренесува „Everydayhealth“.


Црвено месо

Говедско, јагнешко, свинско и телешко спаѓаат меѓу намирници со најголем ризик за развој на канцер на дебело црево. Секои дополнителни 100 грама црвено месо дневно го зголемуваат ризикот и до 16 отсто.

Црвеното месо содржи хем железо кое може да го поттикне создавањето споеви поврзани со настанување канцер. Долготрајното консумирање црвено месо се поврзува со нарушена цревна микрофлора, што дополнително го зголемува ризикот.

Преработено месо

Колбаси, виршли, сувомеснати производи се канцерогени за луѓето. Содржат нитрати и нитрити кои можат да ја зголемат изложеноста на супстанции поврзани со канцерот.

Секои 50 грама преработено месо дневно го зголемуваат ризикот од канцер на дебело црево до 22 отсто.


Препечено месо и скара

Подготовката на месото на многу висока температура како што е скарата, создава хемикалии кои можат да ја оштетат ДНК-та и да поттикнат развој на тумор. Иако начинот на подготовка има влијание, проблемот и натаму претставува црвеното и преработено месо.

Слатки и засладени напитоци

Прекумерното внесување шеќер може да го поттикне растот на клетките на канцер. Слатките и газирани сокови го зголемуваат внесот на калории и придонесуваат во гојазноста која е еден од ризик факторите за развој на канцер.


Алкохол

Секој алкохолен пијалак дневно го зголемува ризикот за околу 6 отсто, додека пак четири пијалаци дневно тој ризик го зголемуваат и до 52 отсто. Алкохолот ја менува цревната микрофлора, ја намалува активноста на заштитни ензими и создава ацеталдехид, канцерогена супстанција која ја оштетува ДНК-та.