Васоски: Се враќа старото дерби, можеме да го изненадиме Вардар

Дерби

31/10/2025

14:28

302

Големина на фонт

а а а

Вардар и Силекс ќе ги одмерат силите во дерби средбата од 11. коло во Првата македонска фудбалска лига, две екипи со високи амбиции, два тима со историја, традиција, клубови кои добро знаат што значи да си шампион на нашата земја.

„Црвено-црните“ ќе влезат во ова соочување со три бода повеќе во однос на кратовчани кои пак од друга страна се мотивирани по победите над Тиквеш и Пелистер да остварат нов позитивен резултат.

- Ние на овој натпревар влегуваме во позитивна серија, исто и Вардар, и очекувам да биде интересен и квалитетен натпревар. Се враќа старото дерби, двата тима сега се во борба за врвот. Добро се познаваме меѓусебно. И Силекс и Вардар имаат квалитет, и заслужено се во горниот дел на табелата. Очекуваме тежок натпревар, во кој мораме да се надминеме себе си за позитивен резултат. Психолошки и физички сме подготвени за овој предизвик, и сметам дека ако бидеме на нивото и ако имаме добар ден, можеме да го изненадиме Вардар, - истакна тренерот Александар Васоски за веб сајтот на ФФМ.

Средбата Вардар-Силекс се игра од 17 часот.