Хаман за „среќата“ на Баерн: Невозможно е да ги победите…

Дерби

31/10/2025

14:26

289

Големина на фонт

а а а

Баерн Минхен обезбеди пласман во осминафиналето на Купот на Германија и тоа откако со 4-1 славеше над Келн.

Фаворитот прв прими гол и тоа во 31 минута, но набрзо се врати во игра преку Луис Диаз во 36, погодок за кој може да се каже дека беше пресуден на овој меч. Имено во оваа фаза на Купот нема употреба на ВАР технологија, а снимките покажаа дека токму при оваа ситуација постоеше офсајд што значи дека перфектно им се поколпи на баварците кои потоа преку Кејн дојдоа и до 2-1 за да во вториот дел го заокружат овој предизвик.

- За да ги победите [Баерн], сè мора да си дојде на свое место. Но, ако резултатот 1-1 не беше броен, тогаш можеби немаше да биде постигнат ниту вториот гол, а Келн ќе отидеше со водство на полувреме. Се е хипотетички, но кога ќе примите таков гол, станува тешко, ако не и невозможно, да го победите Баерн. Тоа не значи дека треба да се намалат постигнувањата на победниците. Баерн одигра одличен натпревар во Келн, - вели Дитмар Хаман.

- Лудото е што тимовите напредуваа во Купот на Германија поради отсуството на ВАР, но може да имаат корист од него во следните рунди. Тоа е тешко за елиминираните клубови да го прифатат. Како планирате да му објасните на Келн, сега кога се елиминирани, дека ВАР ќе се користи од сега па натаму? Тоа нема да им направи никаква корист.

- Не е прифатливо да се користи технологијата само од третото коло па натаму. Или го играте целото натпреварување со ВАР, или го играте целото натпреварување без него, - порача Хаман.