Реал се засили со центар кој има одиграно 700 натпревари во НБА лигата

Дерби

31/10/2025

12:30

215

Големина на фонт

а а а

Реал Мадрид остана без услугите на Бруно Фернандо кој се пресели во Партизан и стана јасно дека ќе биде доведен нов играч во борбата под обрачите.

Изборот падна врз некогашниот петти пик на драфтот од 2013 година, 32-годишниот Алекс Лен. Лен повеќе од една деценија играше во најсилната кошаркарска лига, одигра преку 700 натпревари за повеќе екипи како Лејкерс, Сакраменто, Вашингтон, Торонто, Атланта и Феникс.

Тој сигурно ќе донесе цврстина под кошевите и ќе биде сериозна опција за тренерот Скариоло.

Украинецот потпиша договор до јуни 2027 година.