На 160 локации во Центар нема место за пешаци оти „луѓето може и по коловоз“ и „инспекција и онака нема“, вели Белчева-Андреевска

Макфакс

29/10/2025

15:43

196

Големина на фонт

а а а

Со фотографии од 12 градилишта од актуелните 160 на територијата на општина Центар, досегашната советничка во Советот на оваа Општината, Јана Белчева-Андреевска, покажа дека за пешаците нема место онаму каде што се гради.

Во објава на социјалните мрежи таа праша чии интереси се штитат и дали се жртвува достоинството на центарци.

„Ова се тротоарите на некои од 160-те активни градилишта во Центар по кои се движат луѓето, особено децата. Важат принципите: ‘важно се гради’, ‘луѓето може и по коловоз’, ‘никој ништо не ни може’, ‘инспекција и онака нема’, ‘надзор?!, што е тоа’“…

Кој е одговорот на прашањата: Чии интереси се штитат вака?

Дали достоинството на луѓето и заштитата на децата, наместо приоритет, вака свесно се жртвуваат ?“, стои во објавата на Белчева-Андреевска на социјалните мрежи.

Претходно, Белчева-Андреевска објави мапа од сите локации на кои се гради во Центар во изборниот период.