11-годишно девојче тешко повредено во сообраќајна незгода, возачот побегнал

Макфакс

29/10/2025

14:21

1.331

Големина на фонт

а а а

Во вторникот вечерта, околу 20:30 часот, на улицата „Перо Наков“ во Скопје, патничко возило удрило во 11-годишна малолетничка од Скопје, по што возачот го напуштил местото на настанот, соопшти МВР.

Од ударот, девојчето се здобило со тешки телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, соопшти МВР.

На местото на несреќата извршен е увид од екипа на СВР Скопје, а се преземаат мерки за пронаоѓање на возачот и за целосно расчистување на случајот.