[ВИДЕО] Руски дрон се упати кон новинарска екипа, украински војник го собори со пушка

Макфакс

29/10/2025

08:43

344

Големина на фонт

а а а

Во украинскиот град Константинивка, руски ФПВ дрон се обиде да нападне новинарска екипа, но брзо беше запрен од портпаролот на 24-та бригада, објави украинската војска.

Инцидентот се случил додека новинар на холандскиот весник „Хет Недерландс Дагблад“ ги снимал урнатините на црквата „Успение на Пресвета Богородица“, оштетена во претходните руски напади.

Додека екипата ја документирала штетата, руски дрон одеднаш се упатил кон нив. Портпаролот на 24-та бригада, Олег Петрасјук, ја забележал заканата и пукал од својата пушка. По неколку истрели, тој успеал да го собори дронот.

Целиот инцидент е снимен и на видео кое го прикажува моментот кога Петрасјук го забележува и го соборува дронот до оштетената црква.