Вест Хем израмни негативен рекорд

Макфакс

25/10/2025

12:40

143

Големина на фонт

а а а

Катастрофалната сезона на Вест Хем продолжи во петокот вечерта со поразот од Лидс (2:1). Официјално ова е најлошиот почеток на сезоната на „Чеканите“ во последните 52 години.

Вест Хем го забележа третиот пораз во низа, а Нуно Еспирито Санто нема победа откако ја презеде функцијата од Греам Потер. Вест Хем е на 19-то место на табелата, со само една победа, едно реми и седум порази.

Со вкупно четири бода во првите девет кола, Вест Хем ги изедначи двете најлоши сезони во историјата на клубот, во иста ситуација клубот беше во сезоните 1932/33 и 1973/74.

Интересно единствената победа во Премиер лигата, Вест Хем ја забележа против Ноингем Форест на чија клупа тоггаш седеше токуму Еспирито Санто.

Португалецот ја започна својата работа на клупата на „Чеканите“ со реми со Евертон, и оттогаш се мачи да најде одговори за сите проблеми.

Еспирито Санто е првиот тренер на Вест Хем кој не успеа да забележи победа во првите четири натпревари во Премиер лигата откако Мануел Пелегрини се најде на истата позиција во септември 2018 година.