Баерн отпочна преговори со премиерлигашки играч кој имаше ужасен завршен ден на трансфер пазарот

Дерби

24/10/2025

13:45

317

Големина на фонт

а а а

Марк Геи беше решен да го напушти Кристал Палас и веќе ги имаше спакувано куферите, но во последен момент трансферот во Ливерпул се изјалови и тој беше приморан да остане во Лондон.

Англискиот репрезентативец не го криеше разочарувањето од нереализираниот трансфер, меѓутоа кога истиот не се реализираше навреме, сега стоперот останува отворен и за другите европски великани кои тропаат на врата.

Шпанските медиуми пренесоа дека Реал Мадрид е заинтересиран за Гуи планира да примени рецепт каков што режираше со Ридигер и Алаба, но исто така, англискиот дефанзивец е интересен и за Баерн Минхен, клуб кој веќе остварил иницијални контакти.

Како што јавуваат угледните германски медиуми, Макс Еберл како спортски директор на Баерн одржал состанок со агентот на Геи во Минхен, со што е остварена официјална комуникација меѓу двете страни.

Гордон Стипиќ како претставник на Геи бил гостин во Минхен, а Баерн јасно му ставил до знаење дека тој е еден од фудбалерите за кои германскиот шампион е заинтересиран за следната сезона.

Баерн за следната година го посакува и Нико Шлотербек од Борусија Дортмунд, но засега непознато е дали ќе го задржи и Дајот Упамекано кој ги комплицира преговорите за нова соработка.