Сержињо го смести Модриќ во тим со три легенди на Милан: Тоа би било спектакл

Дерби

24/10/2025

12:54

231

Големина на фонт

а а а

Лука Модриќ експресно се адаптираше на новите услови во Серија А и уште од стартот на сезоната е лидер на новиот Милан, тим кој оваа сезона е предводен од клупата од искусниот Масимилијано Алегри.

Популарниот Макс целосно му се довери на хрватскиот маестро и му даде огромно значење во неговиот систем, а тоа направи Милан да биде и лидер на табелата по седум одиграни рунди во италијанската елита.

„Росонерите“ вечерва го отвораат новото осмо коло со натпревар против Пиза, па во пресрет на истиот, со интересен коментар за влијанието на Модриќ во тимот се јави славниот Сержињо.

Бразилецот кој настапуваше за Милан во периодот од 1999-та до 2008-ма година беше дел од златната генерација која ја водеше Карло Анчелоти, а според него, Модриќ би бил важен дел од стартната постава и на тој тим кој ги освои сите важни титули.

– Шампион како Модриќ прави разлика и на оваа возраст. Тој постојано ја сака топката, полн е со самодоверба и им дава пример на останатите со пожртвуваната игра и трчањето.

– Лука е неверојатно квалитетен фудбалер, ја држи топката во своите нозе како играчите од поранешната генерација и речиси никогаш не ја губи. Неговите додавања пробиваат линии и игра отсечно и директно како најголемите великани. Замислете го Модриќ во нашиот Милан. Тој, Пирло, Сидорф и Руи Кошта, тоа би било спектакл, – вели Сержињо.