Гасперини го впери прстот: Некои играчи треба да се погледнат во огледало

Дерби

24/10/2025

12:51

171

Големина на фонт

а а а

Рома претрпе втор пораз во низа по оној од Интер во големото дерби, но бидејќи и вториот беше забележан на домашен терен, Џан Пјеро Гасперини реши посебно да ги искритикува своите играчи од нападот.

„Волчицата“ има проблем со реализацијата од стартот на сезоната и покрај добрата позиција на табелата, меѓутоа вчерашниот натпревар со Викторија Плзен уште еднаш покажа дека офанзивните фудбалери на Гасперини се исклучително неефикасни.

Чешкиот тим профитираше од неискористените шанси и славеше со 1:2, по што искусниот стручњак реши да го впери прстот кон играчи како Довбик, Фергусон и Ел Шарави.

– Тимот се бореше до последна минута, се обидувавме да се вратиме и да освоиме барем бод, но повторно имавме проблем со реализацијата.

– Има доста играчи кои не постигнале гол долго време и мора да се погледнат во огледало. Мора да се погледнат во огледало и да се запрашаат зошто е тоа така. Ако не постигневме гол од пенал, најверојатно немаше да постигнеме гол од игра. И покрај тоа што речиси цел натпревар го минавме во последната третина од теренот, не успеваме да најдеме решенија. Мора да обрнеме внимание на тоа, – изјави Гасперини.