„Домот на пастрмката“ од Александра Велинова промовирана во Белград

Точка

24/10/2025

11:17

333

Големина на фонт

а а а

Најновата илустрирана книга за деца „Домот на пастрмката“ од Александра Велинова промовирана во Македонскиот културно-информативен центар во Белград во рамки на Денови на македонската литература за млади.

Целта е промоција на македонската литература, но и убавините на балканскиот бисер, Охридското езеро. Пораката е јасна, „првите пет се најважни на свет“, па и читачките и еколошките навики се стекнуваат од најрана возраст.

- Не смееме да дозволиме нејзиното Височество Книгата да падне во сенка на придобивките на современата технологија и вештачката интелегенција која зема замав. Денешните деца живеат во дигитален свет и треба да ги користат придобивките, но не и да бидат зависни од нив. А придобивките од читањето книги се јасни, учат од туѓи искуства, полесно расудуваат, ги развиваат креативноста и емпатијата која недостасува. Вештачка интелегенција да, но потребна е и емоцинална - вели Александра.



Промоторката Розе Костеска ја опишала „Домот на пастрмката“ како разгледница за Охридското езеро.

-Таа има дом ист како секое дете со сите потребни простории во него, но најважна е пораката која ја испраќа преку ликот на патрмката:„Не ми треба дом по најнова мода, мене ми треба само чиста вода“. Оваа порала упатува на размислување кај младите читатели што можат да направат за себе да имаат чист дом, чиста вода, чиста животна средина за живеење.Од мали нозе да се развие свеста за одржување на чиста животна средина, преку пишаниот збор и прекрасните илустрации.


„Домот на пастрмката“ беше промовирана на почетокот на летото на Охридското крајбрежје, кај познатата туристичка локација „Заливот на коските“ со поддршка на Општина Охрид, во соработка со Хидробиолошкиот завод и Наумовите ученици од училиштето „СВ. Наум Охридски“ од Пештани. Главната порака на оваа книга е да се развие еколошката свест за значењето и зачувувањето на Охридското езеро и пастрамката како загрозен редок ендемски вид.