[ФОТО] „Невозможно е да e 26 години помлада од него“: Сопругата на славниот актер шокираше со изгледот

Точка

23/10/2025

20:26

1.371

Големина на фонт

а а а

Актерот шокираше со појавувањето заедно со својата 26 години помлада сопруга, која многумина не ја препознаа, а нивните фотографии набргу ги преплавија социјалните мрежи.

Познатиот актер Шон Бин (66) се појави на свечената премиера на новата серија „Робин Худ“, заедно со својата сопруга Ешли Мур Бин (40), а нивните фотографии брзо станаа главна тема.


Причината поради која овој пар се најде на сите насловни страници не беше толку самиот актер или серијата, туку неговата 26 години помлада сопруга – и тоа поради нејзината трансформација.

Фановите забележале дека лицето на Ешли е многу надуено, па претпоставуваат дека претерано користела ботокс и филери. Поради тоа, многумина констатирале дека изгледа многу постаро, па никој не би рекол дека е дури 26 години помлада од Бин.


„Невозможно е оваа жена да има само 40 години“, „Ова не е истата жена“, „Сакала да се подмлади, а изгледа постаро“, „Невозможно е тој да е постар од неа“, „Се уништила“ , биле некои од коментарите.

Турбулентниот љубовен живот на Шон Бин

Со Ешли е во брак од 2017 година, а таа е неговата петта сопруга.


Првпат се оженил во 1981 година со Дебра Џејмс, со која бил во брак седум години, а потоа исто толку време со Мелани Хил.

Следеле уште два брака, секој по три години – со Абигејл Крутенден и Џорџина Сатклиф.

На крајот, ја пронашол среќата покрај дадилката Ешли Мур, на која ѝ го изговорил судбоносното „да“ на една фарма. Заедно ретко се појавуваат во јавноста и живеат повлечен живот.