[ВИДЕО] Украина со ракети „Сторм Шедоу“ нападна хемиска фабрика во Русија

Макфакс

22/10/2025

08:21

680

Големина на фонт

а а а

Украинските сили на 21 октомври изведоа масовен напад со британски ракети „Сторм Шедоу“ врз хемиската фабрика во руската област Брјанск, потврди Генералштабот на Украина. Нападот бил комбиниран воздушно-ракетен и, според украинската страна, го пробил рускиот противвоздушен систем.

Фабриката, која произведува барут, експлозиви и компоненти за ракетно гориво, е опишана како „клучен објект“ на руската воено-индустриска инфраструктура. По ударот, во Брјанск биле пријавени и прекини на електрична енергија.

Ракетите „Сторм Шедоу“, со домет од 250 до 560 километри, се дизајнирани за прецизни удари по критични цели и претходно биле користени против цели во Брјанск, Курск и на Крим.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека далекуметните удари се незаменлив клуч за мирот, нагласувајќи дека Русија избегнува дипломатија кога Украина има послаб капацитет за такви напади.