Од Клиниката за детски болести во Скопје денеска споделија нова радосна вест.
Станува збор за „победничкото ѕвонче“ на кое ѕвонат сите дечиња кои успеале да ги победат малигните болести, по завршувањето на лекувањето. Овојпат на ѕвончето заѕвони малиот херој Амир кој ја доби најтешката битка.
„Победничкото ѕвонче повторно силно ѕвонеше за да слушнат сите дека нашиот јунак Амир храбро ја помина и ја освои тешката битка“, споделија од Клиниката во објава на Фејсбук.
Од Клиниката за детски болести на Амир му посакаа многу здравје и среќно и безгрижно детство!