Левица: Сè поизвесно е дека Амар Мециновиќ влегува во втор круг за градоначалник на Скопје

Макфакс

19/10/2025

23:45

735

Големина на фонт

а а а

Сè поизвесно станува дека нашиот кандидат за градоначалник на Скопје, Амар Мециновиќ влегува во втор круг, објави Левица на прес-конференција.

Од партијата истакнаа дека се исклучително задоволни од резултатите кои ги постигнуваат.

„Имаме информации дека во Кисела Вода, Аеродром и Карпош имаме водство пред СДСМ. Во Велес имаме повеќе од СДСМ за советничката листа. Позитивни резултати имаме и во Гостивар, во Кавадарци се зголемуваат советничките места“, беше објавено.

Според ажурирањата на веб страницата на Државната изборна коммисија (ДИК), во водство за градоначалник на Скопје убедливо е кандидатот од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски со 43,45 отсто од пребројаните гласови. Зад него е Амар Мециновиќ со 12,76 отсто. Башким Бакиу од „Вреди“ засега има 11,90 отсто од гласовите, Каја Шукова од СДСМ – 11,29 отсто, а Скендер Реџепи од ДУИ – 10,57 отсто од пребројаните гласови.