Од бројот на излезени гласачи, очекуваме дека струмичани ќе одлучат за промена и за нов градоначалник. Доволно долго време, 20 години, општината беше фамилијаризирана од една мала група на луѓе и сметаме дека е време, да се даде шанса на едно ново раководство, кое што ќе обединува и во Струмица, и ќе ги обединува и граѓаните и проектите кои што се потребни, изјави Антонијо Милошоски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.
„Она што го очекуваме, во 19:00 или 20:00 часот е политичкиот конкурент на нашиот кандидат, да биде доблесен, да ја честита победата, и да не бара никакви изговори за резултатот кој што сите го очекуваме. Како сериозна партија, нормално дека имаме повеќе опции, првата опција е да победиме со 4.000 разлика, втората опција е да победиме со 3.000 разлика, третата опција е победиме со 2 и пол илјади разлика, по однос на другиот кандидат. Во секој случај, Струмица вечерва ќе има добра причина за да прослави, и од утре да се зафати со решавање на многуте проблеми со кои што струмичани се соочуваат“, рече тој.