Излезност од 31,16 проценти до 15 часот – најмногу гласале во Чашка, најмалку во Врапчиште

Точка

19/10/2025

16:31

596

Големина на фонт

а а а

До 15 часот на локалните избори излезноста изнесува 31,16 проценти, соопшти Државната изборна комисија на денешната прес-конференција. Податоци се добиени од 91,16 проценти од гласачките места, а досега своето право на глас го искористиле 515.069 граѓани.

Највисока излезност е забележана во општините Чашка со 53,19%, Новаци со 52,84%, Македонски Брод со 48,21%, Дојран со 48,88%, Крушево со 47,47%, Лозово со 47,32%, Демир Капија со 46,65%, Росоман со 46,46% и Пробиштип со 45,12%. Меѓу општините со поголема излезност се и Дебарца (43,43%), Кратово (42,35%), Зелениково (41,34%), Берово (40,14%), Богданци (39,57%), Градско (37,12%) и Гевгелија (35,78%).

Најслаба излезност е регистрирана во Врапчиште каде што гласале 14,94% од избирачите, потоа во Центар Жупа со 17,12%, Маврово и Ростуше со 20,14%, Гостивар со 20,95% и Радовиш со 24,24%.

Во рамките на Град Скопје, излезноста е исто така 31,16 проценти. По општини, во Аеродром гласањето достигна 31,50%, во Бутел 30,10%, во Гази Баба 27,82%, во Карпош 33,37%, во Кисела Вода 31,58%, во Центар 34,40%, во Чаир 35,30%, во Ѓорче Петров 30,11%, во Сарај 36,33% и во Шуто Оризари 21,99%.

Од ДИК информираа дека досега не се поднесени официјални приговори. Сепак, независна листа кандидати за Општина Центар изјави дека поднела жалба, бидејќи на гласачкото ливче покрај името на нивниот кандидат за градоначалник и носител на советничката листа не било отпечатено нивното партиско лого, иако тоа било доставено до ДИК уште во септември.