[ВИДЕО] Грозоморната сцена покажува колку била ужасна несреќата: Автобус излета од патот во близина на Чачак, има загинати

Макфакс

19/10/2025

11:34

318

Големина на фонт

а а а

Рано утрово, околу 6:40 часот, на државниот пат I Б, на делницата помеѓу Чачак и Краљево, во близина на местото Бресница, се случила тешка сообраќајна несреќа во која загинал еден маж, додека две лица се тешко повредени, известуваат српските медиуми.

Според првичните информации, во несреќата учествувале автобус и патничко возило. Според неофицијални информации, несреќата се случила кога автобусот, откако се судрил со автомобил, излетал од патот и удрил во столб од далновод.


Едно лице почина на местото на настанот, додека две лица беа тешко повредени и префрлени во Општата болница во Чачак. Лекарите моментално вршат дијагностика, а еден од повредените е на скенер, објави српски Телеграф.

Снимките од местото на настанот покажуваат дека несреќата била ужасна.