[ВИДЕО] Американците објавија снимка од нападот на Карибите; Пентагон: Транспортираа товар со дрога

Макфакс

19/10/2025

08:30

1.322

Големина на фонт

а а а

Министерството за одбрана на САД објави снимка од напад со беспилотно летало извршен пред два дена врз полу-нурнат брод на картел во јужниот дел на Карибите, покрај брегот на Венецуела.

Според американските разузнавачки служби, бродот не бил вистинска подморница, како што претходно тврдеа некои официјални лица, туку полу-нурнат брод што се движел по позната шверцерска рута кон САД. Бродот, според Пентагон, носел голема количина нелегални дроги, вклучително и фентанил.

Видеото можете да го погледнете на следниот ЛИНК.

Двајца убиени, двајца приведени па ослободени

Двајца членови на нарко картелот беа убиени во нападот, додека двајца други преживеаа и подоцна беа спасени од американската морнарица, според Американците. Преживеаните ќе бидат вратени во нивните матични земји – Колумбија и Еквадор.

Американските претставници истакнуваат дека ваквите полу-нурнати бродови се повеќе се користат за шверц на дрога од Јужна Америка до Карибите и Мексиканскиот Залив, од каде што пратките потоа се префрлаат во САД.