Јаник Синер без големи проблеми го совлада Новак Ѓоковиќ и само потврди дека доминира во меѓусебните пресметки во последно време (6:4 и 6:2 за 63 минути игра), нешто за што најдобар доказ е скорот кој вели дека Италијанецот има 7:0 на последните седум меча.
Ѓоковиќ никако неможе да најде против-игра за италијанскиот тенисер, но вчеравечер во Ријад изгледаше навистина немоќно, особено на сервис на противникот.
Синер одигра еден од своите најдобри мечеви на свој сервис и изгледаше навистина импозантно и непогрешливо, а фактот што најдобриот ритернер на сите времиња ниту еднаш не го загрози неговиот сервис, доволно говори за каква партија стануваше збор.
– Ова беше еден од моите најдобри мечеви во кариерата кога е сервисот во прашање, не памета кога последен пат било вака….. Би сакал секојпат да излезам со ваков сервис на теренот. Секој ден се обидувам да бидам подобар, се обидуваме да вклучиме нешто ново во играта и да се подобриме во неколку работи. Има денови кога се оди добро како сега, сервисот ми беше навистина многу добар.
– Новак и натаму е добар пример за сите нас, посебно за тенисерите кои надоаѓаат. Тоа што го гледаме како уште се натпреварува со нас е неверојатно. Тоа што го постигна во кариерата е приказна за себе и јас на него гледам како идол. Голема е честа да се игра против него и многу сум среќен што се уште е крај нас, – изјави Синер, кој во финалето во Ријад за ривал ќе го има Карлос Алкарас.
– Се радувам на секој нов дуел со Алкарас, тоа ќе биде нова голема битка. Ќе се обидам да бидам подобар и поподготвен од последниот пат. Се надевам дека ќе понудиме вистински спектакл, – заврши Синер.





