Ортега: Посакав пак да сум играч и да играм во ваква атмосфера

Дерби

16/10/2025

11:54

193

Големина на фонт

а а а

Барселона без проблеми и рутински дојде до победата над Еурофарм Пелистер во мечот од петтото коло во Лигата на шампионите.

Каталонците го преземаа водството во првиот дел (10-9) и потоа едноставно имаат контрола како на играта така и на резултатот и славеа во Битола.

Домаќините пак од друга страна се обидоа да остават најдобар впечаток и водени од публиката тоа го направија, се изборија за достоинствен пораз кој можеби ќе им помогне во некои ситуации во тековнава сезона. Атмосферата беше одлична и тоа го призна предводникот на каталонците, легендата на шпанскиот и светскиот ракомет, Карлос Ортега.

- Беше задоволство да играм на ваков терен пред овие навивачи, сакав повторно да бидам играч во оваа атмосфера. Домашната публика навистина создава притисок и сигурен сум дека сите тимови ќе имаат проблеми тука. Мојот поранешен играч Филип Кузмановски исто така играше против нас – сега е зрел играч, лидер на тимот, одлично соработува со пивотменот и е токму она што му е потребно на Еурофарм Пелистер. Ми беше мило што го видов повторно, - порача Ортега.