Зеленски: Русија ја таргетираше енергетската инфраструктура со 300 дронови и 37 ракети

Макфакс

16/10/2025

11:26

231

Големина на фонт

а а а

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска објави дека Русија употребила 300 беспилотни летала и 37 ракети за напад врз украинската инфраструктура во текот на ноќта.

„Оваа есен, Русите го користат секој ден за да ја таргетираат нашата енергетска инфраструктура“, напиша тој на Икс.

Украинската приватна енергетска компанија ДТЕК претходно соопшти дека постројка за производство на гас во регионот Полтава е затворена по рускиот напад врз енергетската инфраструктура во текот на ноќта.

Извори од индустријата за Ројтерс изјавија дека руските напади предизвикале „значајна“ штета на гасниот сектор на Украина.

Главниот извршен директор на украинската државна компанија Нафтогас рече дека нападите го нарушиле работењето на неколку клучни постројки.

Тој нагласи дека тие имале директно влијание врз домашното производство на гас и дека Киев ќе мора да ги покрие загубите преку увоз.