Соуле ги разреши сите дилеми: Ништо не е сменето, тоа е мојата цел

Дерби

16/10/2025

10:12

145

Големина на фонт

а а а

Офанзивецот на калчолигашот Рома, Матијас Соуле испрати јасна порака во однос на неговата цел како играч кога е во прашање репрезентативниот дрес.

Тој е роден во Аргентина, има настапувано за младинските категории на оваа земја, но се уште нема дебитирано за сениорскиот состав. Од друга страна има и италијански корени, па пред неколку години „аѕурите“ се обидоа ова да го искористат и да го придобијат на нивна страна.

Во изминатиов период таа приказна одново некако се актуелизираше што доведе до тоа офанзиевцот да се огласи и ги расчисти сите дилеми околу планот и желбата за државата за која сака да настапува.

- Му кажав на Лучијано Спалети пред две години дека сакам да играм за Аргентина и тоа останува моја мисла. Мојот агент беше лут, рече дека бил погрешно протолкуван. Ништо не се променило од пред две години, никој не ме повикал, а мојата идеја за ова прашање останува иста, а тоа е да играм за Аргентина.

- Многу ѝ благодарам на Италија, но сакам да продолжам да работам за да добијам повик од Лионел Скалони. Разбирам дека не е лесно, бидејќи има толку многу одлични играчи на располагање, но ова е мојата цел, - порача Матијас кој е најдобар, најконстантен играч на „волчицата“ во тековнава сезона со 3 гола и 2 асистенции на 8 натпревари.