Во Рио де Жанеиро се пронајдени телата на 33-годишната инфлуенсерка и манекенка Лидијане Алина Лоренсо и нејзината 15-годишна ќерка Мијана Софија Сантос, јавуваат бразилските медиуми.
Соседите во населбата Барра да Тиџука ги повикале пожарникарите поради силен непријатен мирис, а телата биле откриени во различни простории од станот. Според полицијата, нема знаци на насилство и се чекаат резултатите од токсиколошката анализа за да се утврди причината за смртта.
Лоренсо имала над 54.000 следбеници на Инстаграм и студирала медицина во Рио. Таа и нејзината ќерка беа погребани во родниот град Санта Сесилија. Истрагата продолжува.