Фон дер Лајен: Време е Србија да ги забрза чекорите кон ЕУ

Макфакс

15/10/2025

11:18

162

Големина на фонт

а а а

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, изјави во Белград дека сега е вистински момент Србија да преземе конкретни чекори кон членство во Европската унија.

Таа порача дека Србија треба да покаже напредок во владеењето на правото, медиумите и изборните реформи, нагласувајќи дека усогласувањето со надворешната политика на ЕУ, вклучително и санкциите кон Русија, мора да се зголеми.

Фон дер Лајен истакна дека ЕУ очекува Србија двојно побрзо да напредува кон Унијата и дека веќе се реализираат инвестиции преку Планот за раст за Западен Балкан, вредни над 100 милиони евра.

Таа го поздрави напредокот во ажурирањето на избирачкиот список и во работата на Советот на РЕМ, оценувајќи дека тоа е „добар прв чекор“.

Фон дер Лајен додаде дека овој период е прав момент за инвестиции на Западен Балкан, вклучувајќи и проекти за енергетика, дигитализација и вештачка интелигенција.