[ВИДЕО] Снимена реакцијата на луѓето во Тел Авив по ослободувањето на првите заложници

Макфакс

13/10/2025

09:30

278

Големина на фонт

а а а

Гласни извици се слушаа во Тел Авив кога беше објавено дека првите заложници на Хамас во Газа се предадени на Црвениот крст.

Илјадници луѓе се собраа околу голем екран на Плоштадот на заложниците, мавтајќи со израелски знамиња и држејќи знаци на кои пишуваше „тие се враќаат дома“.

До екранот стои часовник, кој го означува точниот број денови што заложниците ги поминале во Газа.

Црвениот крст утрово објави дека започнал операција во Појасот Газа за враќање на 20 преживеани израелски заложници од милитантната група Хамас, што е почетна фаза од договорот за прекин на огнот со цел да се стави крај на конфликтот во Газа, во чие постигнување помогна американскиот претседател Доналд Трамп.