Сончево со мал раст на температурите

Нетпрес

10/10/2025

07:41

249

Големина на фонт

а а а

Во петок на територијата на Македонија ќе преовладува сончево време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Утринските температури се движат 1 и 11, додека највисоките во текот на денот соодветено ќе бидат во интервалот меѓу 12 и 22 Целзиусови степени.

Во Скопје и околината денеска, исто така, ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Температурата ќе достигне до 20 степени.