Колку пати досега сме слушнале дека појадокот е најважниот оброк во текот наденот. Важене затоа што го придвижува метаболизмот и дава енергија која е потребна за почеток на денот.
Правилно избалансираниот појадок ја подобрува концентрацијата, расположението и помага во одржување на здравата телесна тежина.
Појадокот којшто содржи високо ниво на шеќери, заситени масти и преработени состојки без растителнивлакна, протеини или витамини е најлошиот можен избор кога станува збро за првиот оброк во денот.
Особеное важно појадокот да биде квалитетен затоа што погрешниот избор може дадоведе до нарушување на здравјето.
Печивата, питите и другите пекарски производи се најчест избор за појадок кај нас, но токму тие се најголемата грешка во прехраната.
Иако ваквиот оброк крајкотрајно ја намалува гладта, печивата се преполни со рафинирани шеќери, нездрави масти и преработено брашно, што може да придонесе во проблемите како дебелеење и воспалителни процеси во телото.
Примери за штетен појадок
Кроасан со чоколадо и газиран пијалак
Премногу шеќер и бело брашно, без никакви хранливи состојки. Предизвикува нагол пораст на шеќерот во крвта, а потоа и брз пад, што доведува до чувство на глад.
Крофни и засладено кафе со млеко
Пржени во масло, богати со транс-масти и шеќер. Една од најлошите комбинации за здравјето на срцето и нивото на шеќер во крвта.
Индустриски житарки (чоколадни снегулки) и млеко
Често содржат повеќе шеќер отколку колачите. Не заситуваат, а изобилуваат со „празни калории“.
Појадок во чаша – купени шејкови или јогурт со вкус
Полни се со дополнителни шеќери и вештачки ароми. Иако зигледаат здраво, често се нутритивно сиромашни.