Почнува проектот од 40 милиони евра за изградба на кампусот на универзитетот „Мајка Тереза“, најави кандидатот за градоначалник на општина Чаир од коалицијата ВЛЕН, Изет Меџити.
„Вчера Министерството за транспорт ја издаде дозволата за подготвителните работи за Универзитетот “Маjка Тереза“, што значи дека од вчера започнува реализацијата на проектот“, истакна Меџити.
Тој додаде дека сите образовни проекти за новите објекти се предвидени во Деталниот урбанистички план и поседуваат градежна дозвола, а за нив е обезбеден и сигурен финансиски план.