„Природата што ја имаме е нашето најголемо богатство. Со изградбата на пешачката и рекреативна патека од Колешино до Мокринските извори, ќе го направиме тоа богатство достапно за сите“, кажа Ѓорѓе Божинов, кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на општина Ново Село.
„Ќе овозможиме безбедно пешачење и рекреација на нашите граѓани, но и ќе ја претвориме оваа патека во нова туристичка атракција.
Тоа значи повеќе гости, повеќе туризам и економски бенефит за целата општина.
Сакаме општина Ново Село да биде место каде што природата и човекот живеат во хармонија.
Кога природата ти е вака блиску, треба мошне малку за да ја почувствуваш со сето срце. Ова нема да биде обична патека, ќе биде место за прошетки и за дружба.
Оваа патека ќе биде симбол на здрав живот, туризам и развој“, изјави Ѓорѓе Божинов, кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на општина Ново Село.