Ејми Озборн во едно од нејзините ретки интервјуа зборуваше за последните години од животот на нејзиниот татко, Ози Озборн.
Имено, таа зборувала за неговото здравје, потсетувајќи се на првото паѓање на нејзиниот татко во февруари 2019 година, по кое завршил во болница и морал да оди на операција.
Ејми тврди дека тој бил трауматизиран и дека не успеал целосно да закрепне откако си го скршил вратот, што дополнително ги влошило повредите со кои се здобил во несреќата во 2003 година. Озборн тогаш се подготвувал за својата турнеја „No More Tours 2“. Откажувањето на турнејата за него било „најголемото кршење на срцето“.
„По 3 месеци го доведовме дома, но болката едноставно не исчезнуваше. Беше неподносливо“, изјави сопругата на Ози, Шерон Озборн.
Ејми се присетила дека нејзиниот татко често одел на прегледи по повредата и операцијата. Нејзиното интервју е дел од документарниот филм „Ozzy: No Escape From Now“.
„Некако нè воспитуваа да веруваме дека докторите се на некој начин суперхерои. Иако се многу вешти, некои од нив едноставно немаат одговори“, рече таа.
Ози почина на 22 јули, на 76-годишна возраст, неколку недели по неговиот последен настап со „Black Sabbath“.
На крајот, беше создаден и документарен филм во негова чест — „Ozzy: No Escape From Now“, а се наведува дека тој никогаш не бил замислен како постхумно дело.
„Документарецот сега сведочи за храброста, духовноста и одлучноста на Ози — квалитети што гарантираат дека ќе остане херој меѓу луѓето“, се наведува.