Во кои градови од светот за малку пари ќе уживате во високиот квалитет на животот – погледнете ја листата

Точка

07/10/2025

09:34

2.437

Големина на фонт

а а а

За оние кои сонуваат за висококвалитетен живот без високи цени, неодамна листата која ја составил „Finance Buzz“ истакнува 15 евтини градови ширум светот за „живот со најдобар квалитет“.

На првото место се нашол Бари во Италија, а на листата се нашол и Сплит.

Да го живеете најдобриот можен живот не бара голем буџет. Во реалноста, постојат многу неверојатни градови ширум светот каде може да уживате во високиот квалитет на живот за малку пари, наведува „Finance Buzz“.

За иселениците со постојана работа, луѓето кои сакаат да работат на далечина и да патуваат или пензионерите кои сакаат да запознаат нови култури, креирана е листа со најевтини градови кои нудат најквалитетен живот.

Градовите се филтрирале според безбедноста и другите поволности, а на врвот на листата како најпристапна дестинација се нашол Бари во Италија којшто нуди спој на шармот на стариот свет и живот на крајбрежје.

Веднаш зад него следи Кејптаун во Јужна Африка, познат по својата неверојатна природа и динамична култура. Третото место го зазел Себу на Филипините, дестинација популарна поради прекрасните плажи и топлата клима.

Листата покажува широк географски распон, што укажува на тоа дека пристапниот и исполнет начин на живот може да се најде ширум светот.

Европа е добро застапена на листата, со градовите како Хераклион во Грција, Истанбул во Турција, Валенсија во Шпанија, но и Сплит во Хрватска.

Погледнете ја целата листа на градови:

Бари, Италија

Кејптаун, Јужна Африка

Себу, Филипини

Хамилтон, Нов Зеланд

Ханој, Виетнам

Хераклион, Грција

Истанбул, Турција

Куала Лумпур, Малезија

Меделин, Колумбија

Мексико Сити, Мексико

Мумбаи, Индија

Оахака Сити, Мексико

Бангкок, Тајланд

Сплит, Хрватска

Валенсија, Шпанија