Ханси Флик: Ми се допадна тоа што го видов во соблекувалната по поразот од Севилја

Дерби

06/10/2025

07:37

2.394

Големина на фонт

а а а

Ханси Флик го претрпе највисокиот пораз како тренер на Барселона ова попладне во Севилја, но предводникот на каталонците вели дека ова сигурно не е најболниот за него како предводник на овој тим

Севилја победи со 4:1 и профитираше од френетичниот финиш на второто полувреме, а иако Барселона ја покажа можеби и најбледата слика во ерата на германскиот стручњак, Флик на прес-конференцијата изјави дека е задоволен од бесот кој го видел во соблекувалната.

Педри го крена гласот и уште во микс-зоната испрати низа забелешки до тимот, додека Ханси Флик се обиде да остане посмирен, гледајќи позитивни работи и во денешниот лош ден.

– Севилја излезе агресивно во првото полувреме и не можевме да го израмниме нивниот интензитет. Не пронаоѓавме излез од нашата половина, но сметам дека добро реагиравме во вториот дел. Не бевме добри едно полувреме, но овојпат и покрај реакцијата, не успеавме да извлечеме нешто.

– Ова е добар тим, имаме добри играчи и набрзо ќе се вратат повредените и задоволен сум од реакцијата која ја имавме во вториот дел. Не сум среќен поради тоа што загубивме, но задоволен сум од тоа што го видов во соблекувалната по мечот. Играчите беа лути и желни за докажување, сакаат брзо да го остават овој пораз зад себе. Сега одиме на пауза, а потоа ќе се вратиме подобри и ќе мора да реагираме, – изјави Ханси Флик.

– Најтежок пораз? Далеку од тоа, најтежок пораз беше оној од Интер во полуфиналето во Лигата на шампиони. Мора да го прифатиме овој пораз и да ги видиме позитивните работи, но секако да ги подобриме негативните. Имавме многу грешки во првиот дел, но ова не е нашиот најболен пораз, – заклучи Германецот.