Мециновиќ: Енегријата е очигледна, одиме во втор круг

Макфакс

05/10/2025

12:54

142

Големина на фонт

а а а

„Енергијата е очигледна. Луѓе, одиме во втор круг! Таму ќе разговараме за многу нешта затоа што во првиот круг противкандидатите ќе бегаат од дебати. Но, во втор круг нема каде да избегаат и ќе се сретнеме конечно. Ние во мандатот ќе се залагаме за градскиот превоз, за загадувањето на градот, за зајакнување на претпријатијата и преку тоа создавање на функционални јавни претпријатија кои сите услуги ќе ги даваат на задоволително ниво. Утре продолжуваме понатаму, по улиците, онаму каде што патот ќе нè однесе.

На улиците ги промовираме нашите спотови кои се цензурирани. Ова движење не е запрено, тоа станува сè поголемо од ден на ден,“ изјави Амар Мециновиќ, пратеник и кандидат за градоначалник на Скопје од редовите на Левица.

Мециновиќ заедно со кандидатот за градоначалник на Аеродром, Марјан Димитриев и советниците за Град Скопје и Општина Аеродром одржаа средба со граѓаните.

„На терен сме, лице в лице со народот – ја слушаме секоја мака и секој предлог. Нашата сила е токму во народот, а нашата визија е чиста, праведна и современа општина и град по мерка на жителите,“ порачаа од партијата.

Димитриев, кој во Аеродром влегува со амбициозна програма, пред граѓаните потенцираше:

„Денес сме тука да ја претставиме нашата програма. Дел од приоритетите се чиста и здрава општина, да ставиме крај на загадувањето и конечно да го решиме паркинг просторот. Аеродромци се спремни за победа, така што морам да кажам – доаѓа нашето време.“

Од Левица нагласуваат дека нивната цел е да го вратат Скопје и Аеродром во рацете на народот – преку транспарентно и одговорно управување во интерес на сите граѓани.