Истражувачи од Меѓународниот центар за подводна археологија во Задар открија исклучително сочувани римски бродски остатоци во плитките води на заливот Барбир кај Сукосан, кои повеќе од 2.000 години лежат на дното на Јадранското Море.
Бродот, долг 12 метри, е речиси недопрен и претставува уникатен увид во поморските и трговските практики на старите Римјани.
Археолозите за време на четиригодишното истражување пронашле стотици семки од маслинки, грозје, праски и ореви, што укажува на тоа дека бродот веројатно превезувал земјоделски производи.
Анализите на дрвото покажале дека бродот бил изграден од три различни видови дрво, што упатува на софистицирана бродоградба и внимателна намена на секој дел од конструкцијата.
Иако отстранувањето на бродот од морското дно би било прескапо, истражувачите планираат изработка на макета во размер 1:10, која ќе биде изложена во Задарскиот Центар за подводна археологија. Дополнително, користат фотограметриски модели за дигитална документација на локалитетот.
По завршувањето на истражувањата, бродот повторно бил прекриен со геотекстил и затрупан со песок, со што е обезбедена негова заштита и долгорочно зачувување, пренесува „24Sedam“.