[ВИДЕО] Путин: Двапати сакавме да се придружиме на НАТО. Двапати нè одбија

Точка

02/10/2025

19:47

1.652

Големина на фонт

а а а

Според неговите зборови, тогашниот американски претседател Бил Клинтон во почетокот ја признал таквата можност, но подоцна го „променил мислењето“ по консултации со своите соработници.

Рускиот претседател Владимир Путин изјави денеска, за време на говорот на 22. годишен форум на Меѓународниот дебатен клуб „Валдај“, дека Москва двапати ја изразила својата подготвеност да ѝ се приклучи на „НАТО“ – во 1954 и во 2000 година – но била одбиена.

Според неговите зборови, тогашниот американски претседател Бил Клинтон во почетокот ја признал таквата можност, но подоцна го „променил мислењето“ по консултации со своите соработници.

„Нашата земја, настојувајќи да ги отстрани причините за блоковска конфронтација и да создаде заеднички безбедносен простор, двапати ја објави својата подготвеност да влезе во НАТО. Првиот пат во 1954 година, а вториот пат за време на посетата на американскиот претседател Клинтон во Москва во 2000 година – и практично бевме одбиени уште од прагот …

Нашите западни колеги не беа подготвени да се откажат од заробеништвото на геополитичките и историските стереотипи. Лично разговарав со Клинтон, и тој ми рече дека тоа е можно. А потоа навечер ми вели: ’Се консултирав со моите луѓе и … па, тоа е нереално‘“, изјави Путин.