Земјотрес со јачина од 5 степени според Рихтер денес го погоди западниот дел на Турција, а потресот силно се почувствува и во Истанбул, каде што граѓаните во паника излегуваа на улиците.
Епицентарот на земјотресот беше во Мраморното Море, а потресот се почувствува на стотици километри околу него.
Граѓаните изјавија дека мебелот во домовите им „скокал“, лустерите се нишале, а илјадници вознемирени луѓе во паника излегувале на улица. Сите – освен една жена, која во страв се обиде да избега преку прозорец!
Во Есенјурт, жена исплашена од земјотресот излезе на прозорец од зграда со повеќе ката и почна да вреска, а целата сцена беше забележана на камера. Граѓаните кои ја снимаа вознемирената жена се обидуваа да ја смират со зборовите: „Земјотресот помина, влези внатре, сестро.“
По потресот, голем број жители на Истанбул ги напуштија своите домови, училишта и канцеларии и со автомобили почнаа да заминуваат од градот. На повеќе делници од магистралите и автопатиштата се создадоа неверојатни сообраќајни метежи.
Нема информации за повредени лица или материјална штета.
🔴 Esenyurt'ta bir kadın, 5.3 büyüklüğündeki depreme evinde yakalandı: "Deprem bitti, içeri gir abla." pic.twitter.com/HUyYXyTFBW
— BalıkesirPostaTV (@Balikesir_Posta) October 2, 2025