Од денеска блокади по три часа кај мостот Близнак најави „Стоп за Вардариште“

A1ON.MK

02/10/2025

12:08

1.665

Големина на фонт

а а а

Граѓаните кои подолг период протестираат барајќи решение за Вардариште, одлучија да го интензивираат протестот.

Како што информираа на социјалните мрежи, денеска, со почеток од 15 до 18 часот, тие ќе протестираат и ќе го блокираат мостот „Близнак“.


Жителите на Аеродром, Ново Лисиче, но и на дел од околните населби ги организираат протестите поради миризбата и загадениот воздух кои доаѓаат од дивата депонија. Протестот беше инициран од последниот инцидент кога поради поажарот на Вардариште повеќе населби останаа без струја, а миризбата и лошиот воздух се чувстуваат со денови.